Во Бугарија расте бројот на случаите со корона – починале 154 лица
Бројот на заразени продолжува да расте во Бугарија – тој е за четвртина повеќе на неделно ниво. Во последниот ден регистрирани се 5.256 случаи од 53.300 тестови, што е речиси 10 отсто од примероците.
Бројот на починати и натаму е многу висок – 154.
Вкупно 939 лица се хоспитализирани во последните 24 часа, со што вкупниот број се искачи на 7.680. На 676 лица им е потребна интензивна нега.
Дозите на вакцини администрирани во последните 24 часа се 23.164.