Во Бугарија последниов ден од ковид починаа 99 лица


Бројките од ковидот во Бугарија и натаму се во силен нагорен тренд – во последниве 24 часа починаа 99 лица, а новозаболени има 1.835. Со тоа вкупната бројка на починати изнесува 20.350.

Во болниците има околу 5.000 лица, а од нив на интензивна нега се 414.

Вакцинацијата во Бугарија и натаму се одвива со многу бавно темпо. Вчера биле аплицирани 11 илјади вакцини. Бројката на вакцинираните со две дози изнесува околу 1,3 милиони души, или помалку од 20 проценти од вкупното население, што е најниско во цела Европа.