Во Бугарија починаа 120, а во Србија 57 лица од ковид
Пандемијата на корона вирусот кај нашите соседи не што не стивнува, туку четвртиот бран изгледа не го ни достигнал својот врв. Во последните 24 часа во Бугарија починаа дури 120 лица, а во Србија 57.
Добрата работа за Бугарија е што по најавата за ковид сертификати многу се зголеми бројот на дадените дози на вакцини. Вчера тој изнесуваше 28.191 дози, додека пред воведувањето на сертификатите таа бројка ретко стигнуваше до 10 илјади. Бројот на новозаболени е 4.816. Од нив 87,5 отсто не биле вакцинирани. Во болниците се лекуваат 6.608 души.
Во Србија нови позитивни случаи има 7.696. Хоспитализирани се 6.733 лица, од нив на респиратори се 278 пациенти.