Во Бугарија починаа 104 лица последниот ден
Четвртиот бран на корона вирусот во Бугарија не попушта. Во последните 24 часа има 2.866 новозаболени, а бројот на починати е повторно висок – 104. Со тоа вкупниот број на жртви од Ковид-19 се искачи на 21.320. Речиси сите починати во последното деноноќие не биле вакцинирани.
Во моментов има 47.858 активни случаи во Бугарија.
И покрај тоа што се зголемува бројот на новите инфекции и на починатите, темпото на вакцинацијата никако да се забрза. Токму спротивното – оди сѐ побаво и побавно. Во последните 24 часа биле аплицирани само 7.412 вакцини. Со две дози се вакцинирани 1,34 милиони граѓани, што изнесува само 19,5 отсто од вкупната популација.