Во Бугарија од Ковид-19 починаа уште 131 пациент


 

Во Бугарија, во последните 24 часа од корона вирусот починаа 131 пациент, а од почетокот на пандемијата 2.413.

Потврдени се уште 4.828 случаи на инфекција со корона вируспт од 11.611 тестирани примероци, а вкупниот број потврдени случаи достигна 106.598, објавено е на официјалната страница coronavirus.bg. Во моментот во болница се лекуваат 5.463 пациенти со корона вирус, а дури 303 се на интензивна нега.

Во моментот активни се 72.649 заразени, пренесе БТА.