Во Бугарија од Ковид-19 починаа седум луѓе

Во болница во Благоевград утрово почина 51-годишна жена како последица од Ковид-19, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Жената имала астма. Додека синоќа во болница починала и нејзината 71-годишна мајка, која исто така била инфицирана со новиот корона вирус.

Во Бугарија досега 338 луѓе се позитивни на новиот корона вирус, од кои седум починаа, а 11 оздравеле.