Во Бугарија нови 99 случаи со корона вирус, тројца починаа

 

Надлежните органи во Бугарија пријавија 99 нови случаи со корона вирус, вкупно 16.164 од почетокот на епидемијата.

Од полседиците од Ковид-19 во последните 24 часа починале тројца пациенти, со што бројот на жртви изнесува 605.

Во моментот во Бугарија има 723 пациенти во болница со Ковид-19, а 61 се во критична состојба, пренесе БГнес.

Од почетокот на епидемијата во Бигарија оздравеле 11.253 луѓе.