Во Бугарија нови 1.046 заразени , починале 61 лице


Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 1.046 нови случаи на корона вирус од 5.739 тестирани примероци, е објавено денеска во Софија.

Стапката на позитивност изнеасува 18,2 проценти, пренесува БТА.

Во Бугарија, од почетокот на пандемијата се потврдени 202.266 случаи на корона вирус, а вкупниот број на тестирани е 1.155.283.

Уште 61 лице починало од Kовид-19, а вкупниот број на починати изнесува 7.576 лица.

Во моментов, активни се 75.163 случаи на корона вирус. На болничко лекување има 4.756 пациенти, од кои 464 се на интензивна нега.