Во Бугарија немало контрола, затоа „Визер“ ги откажувал летовите
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ги откажа летовите за Бугарија, а не за други земји, бидејќи таму нема контрола. Тоа го тврди бугарскиот министер за транспорт Георги Гвоздејков во изјава за телевизија Нова.. Тој прецизираше дека отсега ќе му бидат изрекувани казни на превозникот во вакви случаи и ги повика оштетените да побараат помош директно од министерството.
Последниве месеци значително зачестија доцнењата и откажувањата на летови на „Визер“. Од почетокот на 2023 година досега се пристигнати над 500 поплаки од патници на „Визер“. Само минатиот месец на меѓународните аеродроми во Бугарија се регистрирани 38 откажани летови, а уште 69 доцнат повеќе од два часа.
„Визер“ на обвинувањата одговори со изјава за медиумите во која изјави дека го зголемиле бројот на авиони и додале дополнителни резервни авиони. Според „Визер“, откажаните летови често биле предизвикани од околности и фактори надвор од нивна контрола, како што се штрајкови во индустријата, ограничувања ода контролата на летање, временски услови и предизвици со синџирот на снабдување.