Во Бугарија денес ќе објават нова влада


Претседателот Румен Радев денеска ќе го прими кандидатот за премиер Николај Денков од 
пратеничка група на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“,која
според уставната процедура го доби вториот мандат за составување на
влада и успеја во тоа. Составот на кабинетот „Денков-Габриел“ е веќе готов, а двајцата ќе
бидат премиери по девет месеци по систем на ротација.

Во заедничката порака Николај Денков и Марија Габриел изјавија дека секој Бугарин
 сака да живее во земја чии институции се стабилни. Освен законите и
нормите, зависи од луѓето кои работат во институциите, кои треба да бидат
професионалци.

„Стоиме зад секој еден вработен во администрацијата кој ги исполнува критериумите и со својата работа докажа дека ги штити интересите на граѓаните и државата “, изјави Марија Габриел.