Во Британија регистрирани најголем број дополнителни смртни случаи од Ковид-19 во Европа

Во Велика Британија се регистрирани најголем број дополнителни смртни случаи во Европа во првата половина на 2020 година, додека Шпанија има највисок пик на жртви на новиот коронавирус, кој го опустоши континентот, соопшти британскиот Завод за статистика.

Британската статистика покажува дека од крајот на февруари до средината на јуни, Англија имала поголем од просечен број смртни случаи за подолг период од сите европски земји.

Шпанија е на второто место во однос на бројот на смртни случаи над нормата, дефинирана како број на жртви дополнително регистрирани над просекот за период од пет години, додека Шкотска беше најпогодена.

Во меѓувреме, Шпанија го забележа и највисокиот национален пик на дополнителна смртност кон крајот на март, по што следи Италија, со тоа што некои локални окрузи пријавуваат 600-850 проценти над просечните бројки за смртни случаи.

Анализата на британската статистика, која е нејзина прва меѓународна споредба со смртни случаи поврзани со Ковид-19, се заснова на податоците објавени од канцеларијата за статистика на Европската унија, Евростат, која исто така собира информации од неколку земји што не се членки на ЕУ.

Главниот град на Шпанија, Мадрид, е најголем град под најголем удар во Европа во однос на дополнителни жртви,со пик во неделата што заврши на 27 март.

Лондонскиот округ Брент го забележа највисокиот пик на дополнителни жртви од која било област во земјата, додека Бирмингем го забележа највисокиот пик за град кон средината на април.

Дневната бројка на смртни случаи од Ковид-19, статистика обезбедена од британската Влада, исто така покажува дека земјата претрпела најсмртоносна епидемија во Европа.

Сепак, британскиот Завод за статистика веќе објави дека Велика Британија регистрирала 65.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното од првите неколку месеци од пандемијата до крајот на јуни.