Во Британија бројот на жртвите од корона вирусот достигна 19.506 луѓе


Бројот на починатите како последица од заразата со новиот тип корона вирусот во изминатото деноноќие во болниците во Велика Британија се зголемило на 684 лица, а бројката на заболените од Covid-19 пораснал за 5.386 случаи, покжуваат податоците на министерството за здравство објавени во петокот.


Со тоа бројот на смртните исходи од почетокот на епидемијата во Обединетото Кралство достигна 19.506 лица, а на заболените на 143.464 луѓе.


Ден претходно овие показатели изнесуваа 18.738 починати и 138.078 заразени, со нови 638 смртни исходи и 4.583 новозаразени меѓу средата и четвртокот.


Во Британија на сила се мерките за ограничување на движење вклучително и патувањата, па во петокот лондонскиот аеродром Гетвик објави дека бројот на патниците во воздухопловниот сообраќај ќе се врати на нивото од пред пандемијата за три до четири години.


Овој аеродром, вториот со најголема фреквенција на сообраќај по Хитроу, објави дека поради пандемијата од корона вирусот доживеал „драматичен пад на бројот на патниците“.


Повеќето летови од Гетвик и другите британски аеродроми се суспендирани поради карантинските мерки воведени ширум светот и забраната за патувања воведени поради спречување на ширење на вирусот.


Водството на Гетвик во годишниот извештај наведува дека ја подобриле ликвидноста со банкарски кредит од 300 милиони фунти. Додаваат дека два терминала и натаму се затворени, а летовите се ограничени на дневниот период од осум часа.


„Гетвик очекува дека сите овие мерки ќе овозможат брзо закрепнување на работењето и моментално проценуваме дека бројот на патниците ќе се вратат на неодамнешно ниво за 36 до 48 месеци“, се наведува во извештајот.