Во Бразил тинејџер уби наставник и повреди уште пет лица


Сао Паоло– Тринаесетгодишен ученик во најголемиот бразилски град Сао Паоло, денеска смртно избодел 71-годишен наставник и повредил тројца други наставници и двајца ученици во државно училиште.

Петтемина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.

– Осомничениот напаѓач е приведен и е под истрага на воената полиција, напиша на Твитер гувернерот на Сао Паоло, Тарцизио Фреитас.

Немам зборови да ја изразам мојата тага поради веста за нападот врз учениците и наставниците во државното училиште Томаси Монторо во Вила Соња. Еден 13-годишен тинејџер е веќе уапсен и нашите напори се насочени кон помош на повредените и утеха на нивните семејства, напиша гувернерот на социјалните мрежи.