Во Бразил паѓа бројот на новозаразени

Во Бразил и понатаму паѓа бројот на новозаразени и починати од Ковид-19, иако бројките се високи.

Во последните 24 часа потврдени се 36.157 нови случаи со корона вирус, а починаа 788 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во земјата регистрирани се 4.847.092 случаи досега, а починаа 144.680 пациенти, пренесе Ројтерс.

Бразил е втора земја на светот по бројот на смртни случиа, зад САД.

Минатите седмици бројот на новозаразени и починати значително опаѓа, но стручњаците будно ја следат ситуацијата стравувајќи од втор бран.