Во Бразил има 146.000 мртви, Копакабана како мравјалник


Дали на луѓето веќе не им е грижа кој ќе биде заразен, а кој ќе почине од корона вирусот. Во Бразил има 4,9 милиони инфицирани со Ковид-19 и 146.000 мртви, јавноста го обвинува десничарскиот претседател Жаир Болсонаро дека не презема ефикасни мерки за заштита од вирусот, а во исто време граѓаните се однесуваат поинаку, како ништо да не се случува. Ова е прославената плажа Ипанема на Копакабана на 2 октомври. Вистински мравјалник. Во Бразил денес има 512 илјади активни случаи.