Во Босна и Херцеговина високи бројки: Нови 1.843 заразени и 60 починати


 

Во Босна и Херцегвина денеска регистрирани се 1.843 новозаразени по 4.447 тестирања, а од последиците на Ковид-19 починаа 60 пациенти.

За споредба, вчера имаше 1.869 новозаразени, а починаа 76 лица.

Во Федерацијата тестирани се 3.012, а 1.239 биле позитивни.

Досега тестирани се 530.484 примероци, а Ковид-19 имале 107.545 луѓе.

До денеска во Фередацијата оздравеле 87.216.

Во Федерацијата починале 36 или вкупно 3.512.

Во Република Српска има 553 новозаразени, од 1.343 тестирани. Починаа уште 22 пациенти, а најмладата жртва е 35 година жена.

Досега се потврдени 51.874 случаи со корона вирус, а 2.572 починале, додека оздравеле 38.074.

Во Брчко регистриран е 51 нов случај со корона вирус, а тестирани биле 92. Починаа двајца.