Во Босна и Херцеговина уште 212 новозаразени, починаа петмина


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се 212 новозаразени со корона вирус од кои 166 во Федерацијата, 45 во Република Српска и едно лице во Брчко. Починаа петмина.

Во Федерацијата биле тестирани 960 примероци, а 166 биле позитивни. Досега тестирани се 145.308 примероци, а корона вирус е потврден кај 16.388 лица.

Излечени се 11.968 пациенти, а во последното деноноќие 358 пациенти, Во моментот активни се 3.969 случаи.

Во Федерацијаѕта има тројца починати или вкупно 451.

Во Република Српска од 632 примероци тестирани на корона вирус, 45 биле позитивни.

Пријавени се и два смртни случаи.

Досега во РС потврдени се 8.736 случаи, а полинати се 292 луѓе. Оздравеле 5.634, а тестирани се вкупно 74.808.