Во Босна и Херцеговина со Ковид-19 заразени уште 432 лица

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина заразени се 432 лица, а регистриран е само еден смртен случај.
Во Заводот за јавно здравство во Федерацијата биле тестирани 1.378 примероци, од кои 299 биле позитивни.
Досега тестирани се 170.401, а Ковид-19 е утврден кај 19.764 лица.
Излечени се 16.173 пациенти, а активни се 3.006 случаи.
Пријавен е еден смртен случај, со што бројот на жртви од Ковид-19 порасна на 585.
Во Република Српска пак, тесетирани биле 680 лабораториски примероци, а Ковид-19 е потврден кај 129 лица.
Досега во РС потврдени се 10.259 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 321 лице. Оздравеа 6.919 лица, а тестирани се вкупно 84.984.
Во Брчко регистрирани се четири позитивни случаи.