Во Босна и Херцеговина повторно висок број починати од Ковид-19, дури 84


 

Во Босна и Херцеговина за 24 часа забележани се нови 931 заразен со Ковид-19, а од последиците на оваа болест починаа уште 84 луѓе, што е драстично зголемување во однос на вчерашните 40 починати?

Во федерацијата тестирани се 2.570 примероци, а 673 биле позитивни.
Починале 50 луѓе или вкупно 3.889. Досега се тестирани 556.020, а вирусот е потврден кај 115.522 лица. Оздравеле 90.568 пациенти.

Во Република Српска регистриран се 208 новозаразени и 31 починат пациенти.

Досега заразени биле 55.166, а починаа 2.777 луѓе.

Во Брчко од 75 теста, позитивни биле 50. Починаа тројца.