Во Босна и Херцеговина помалку од 600 новозаболени, починаа 22


 

Во Босна и Херцеговина во петокот потврдени се помалку од 600 нови случаи на заразени со корона вирус, а 22 заболени со Ковид-19 починаа.

Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје во четвртокот се спроведени нешто повќе од 2.500 тестови, а во Федерацијата се утврдени 324 заразени, 240 во Република Српска, а 29 во Брчко, па вкупниот број изнесува 593.

Истовремено, во Република Српска регистрирани се 16 смртни случаи, во Федерацијата пет, а во Брчко еден.

Дневниот број новозаразени паѓа цела недела, а епидемиолошките служби заклучуваат дека ширењето на заразата е сопрено, но и понатаму потребно е граѓаните да се придржуваат до пропишаните мерки и ограничувања, вклучително и забраната за движење навечер.