Во Босна и Херцеговина нови 228 заразени


Во Босна и Херцеговина според податоците на ентитетските заводи, во последните 24 часа регистрирани се 228 новозаразени со корона вирус.

Во Федерацијататестирани се 546 примероци, од кои 148 се позитивни на Ковид-19, а нови случаи се регистрирани во сите кантони.

Досега тестирани се 101.842 примероци, а корона вирусот е потврден кај 9.631 лица.

До денеска, во Федерацијата оздравеле 6.047 пациенти, а активни се 3.330 случаи.

Пријавени се девет смртни случаи во последното деноноќие,а вкупниот број починати е 254.

Во Република Српска во последните 24 часа потврдено е присуство на корона вирус кај 80 луѓе, на тестирани 301 примерок. Регистрирани се и 52 оздравени.