Во Босна и Херцеговина нови 130 заболени, Република Српска вчера не тестирала


 

Во изминатите 24 часа во федерацијата Босна и ерцеговина за корона вурус тестирани се 794 примероци, од кои 130 се позитивни, соопшти Институтот за јавно здравје.

До сега се тестирани 75.451, а Ковид-19 потврден е кај 4.749 лица.

До денеска оздравеле 1.890 пациенти, додека во моментот активни се 2.754 случаи позитивни на Ковид-19.

Има 105 потврдени смртни случаи.

Кога станува збор за Република Српска, во последните 24 часа Институтот за јавно здравје на РС пријави еден смртен случај од корона вирус, но нема податоци за новозаболени. Телевизијата Н1, пренесе дека претходниот ден немало тестирање, но не се наведува причината.