Во Босна и Херцеговина 282 новозаразени, починаа седум пациенти

На корона вирус во БиХ во последните 24 часа позитивно се тестирани 282, а починаа седум пациенти.
Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство во Федерацијата пријавени се 1.526 тестирани, а 208 биле позитивни.
Досега тестирани се вкупно 139.822 примероци, а корона вирусот е потврден кај 15.493 лица.
Излечени се 11.341 пациенти, а во изминатите 24 часа 249 пациенти. Во моментот активни се 3.717 случаи позитивни на корона вирус.
Во Заводот се пријавени девет смртни случаи, петмина починале во последните 24 часа, а четворица дополнително се внесени, а се починати минатата недела.
Вкупниот број починати е 435.
Во Република Српска биле регистрирани74 позитивни случаи, од 579 тестирани.
Пријавени се и два смртни случаи. Досега во РС потврдени се 8.414 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 281 пациент.
Оздравеле 5.375 лица, а тестирани се вкупно 72.378.