Во Босна и Херцеговина 143 новозаразени со Ковид-19

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 143 заболени со корона вирус, а двеетмина починаа.
Во Федерацијата биле тестирани 606 примероци, а 91 биле позитивни.
Досега тестирани се вкупно 162.768 примероци, а корона вирусот е потврден кај 18.489 лица.
До денеска во Федерацијата оздравеа 15.206 пациенти, а активни се уште 2.730.
Сите деветмина починати се од Федерацијата, а бројот на смртни случаи се искачи на 553.
Во република Српска пак, тестирани се 517 примероци, а позитивни биле 52.
Досега во РС потврдени се 9.643 случаи со вируост, а починаа 314.
Во Брчко нема новозаболени.