Во Босна и Херцеговина 122 новозаразени, починаа четворица

 

Во последните 25 часа во Босна и Херцеговина потврдени се нови 122 случаи на зараза со корона вирус.

Во Федерацијата пријавени се 831 примерок, од кои 84 биле позитивни.

Досега се тестирани 126.719, а корона вирусот е потврден кај 13.505 лица.

Излечени се 9.652 пациенти, а активни се 3.479 случаи.

Пријавни се нови три смртни случаи, со што вкупниот број се искачи на 374.

Во Република Срспка тестирани се 210, а 38 биле позитивни. Почеина еден маж.

Во Брчко нема нови заразени со корона вирус.