Во Босна и Херцеговина 1.582 новозаразени, починаа 84 пациенти


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа заразени се уште 1.582 со корона вирус, а тестирани биле 5.733 лица. Починаа 84 лица кај кои бил потврден вирусот.

Во Федерацијата тестирани се 4.396 uпримероци, а 1.001 биле позитивни.

До денеска тестирани се 571.789 примероци во Федерацијата, а вирусот е потврден кај 118.747 лица. Излечени се 95.190 пациенти, а активни се 19.454.

Пријавени се нови 63 смртни случаи, а до денеска од Ковид-19 починаа 4.103 пациенти.

Во Република Српска тестирани се 1.154, а позитивни биле 457 лица, додека од заразата починале 16 лица.

Досега во РС потврдени се 56.718 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 2.878 пациенти.

Во Брчко, регистрирани се 183 заразени, а починаа пет пациенти.