Во Босна и Херцеговина заразени нови 244

 

Според податоците на ентитетските здравствени институции, во БиХ во последните 24 часа регистрирани се нови 244 случаи на зараза со корона вирус, од кои 158 во Федерацијата и 86 во Република Српска.

Во Федерацијата БиХ во последните 24 часа тестирани се 1.044 луѓе или вкупно 73.889, а Ковид-19 досега е потврден кај 4.450 луѓе. Оздравеле 1.823 пациенти, а активни се 2.530. Починати се 97 лица.
Во Република Српска тестирани се 600 примероци од кои 86 се позитивни. Досега потврдени се 3.607 случаи, а починати се 144 пациенти.

Оздравеле 1.797 лица, а тестирани се вкупно 44.135 примероци. Во болница има 232 пациенти.