Во Босна и Херцеговина 80 заразени со Ковид-19, 12 починаа


 

Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа корона вирусот е потврден кај  80 лица, а починаа 12 пациенти.

Во Федерацијата регистрирани се нови 49 случаи, од тестирани 684 примероци. Во Заводот за јавно здравје пријавени нови осум починати. Четворица по впосчените 24 часа, а другите четворица од претходниот период.

ДО денеска во Федерацијата има починато 506 пациенти.

Во Република Српска пак, регистрирани се 31 случај од 369 тестирани. Починале, исто така четири лица. Досега во РС починаа 302 пациенти

Вкупно заболени во Босна и Херцеговина од почетокот на пандемијата има 26.920, а од последиците од Ковид-19 починаа 817 лица.

Во Брчко регистриран е еден новозаразен.