Во болницата во Козле примени четири деца со Ковид-19


Од 3.393 активни случаи, во болница се лекуваат 403 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, а на респиратор деветмина.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.