Во болница се лекуваат 595 пациенти од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Со денешните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болница се лекуваат 595 пациенти.

Од нив на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на Ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има шест приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор седвајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.