Во болница се лекуваат 376 пациенти со Ковид-19, на респиратор се шестмина

Фото: Б. Грданоски
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се три пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИд-19 и четири деца позитивни на вирусот, а пет пациенти се суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.