Во болница од Ковид-19 се лекуваат 374 пациенти

Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и две мајки позитивни на Ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти. Вкупно хоспитализирани се 33 пациенти од кои на респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Денеска беа регистрирани нови 225 случаи со Ковид-19, со што бројот на активни случаи достигна 2.450.

Ова втор дневен рекорд во Македонија, по оној на 18 јули кога беа регистрирани 241 новозаболени.