Во болница од Ковид-19 се лекуваат 364 пациенти, петмина на респиратор


Фото: Б. Грданоски

Во Македонија има 2.868 активни случаи на заболени од корона вирус, од кои 1.653 се само во Скопје. Следуваат Тетово со 316, Куманово со 229, Штип со 207, Струга со 90, Охрид со 79 и гостивар со 54. Другите градови имаат под 40 заболени.

Од заболените, дури 364 се лекуваат во болница, 46 се на кислородна поддршка, а петмина на респиратор.

Имено, како што соопшти Министерството за здравство На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти, при штовкупно се хоспитализирани 101 пациент, од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се петмина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Ако се погледне статистиката за општините во Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), Чаир сѐ уште води ао 363 заболени, а следуваат:

• Аеродром – 129
• Бутел – 133
• Гази Баба – 148
• Центар – 126
• Карпош – 115
• Сарај – 125
• Кисела Вода – 86
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 78
• Шуто Оризари – 65
• Арачиново – 52
• Илинден – 25
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково-1
• Странец – 4
• Нераспределени-6.