Во Битола води СДСМ со 1.100 гласови


Според резултатите од избројаните гласови на 150 избирачки места во Битола СДСМ води со 1.104 гласови пред ВМРО-ДПМНЕ. Во штабот на СДСМ има позитивна атмосфера и очекуваат дека пребројувањето во другите избирачки места ќе ја потврдат оваа разлика или ќе се зголеми. Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема никаква реакција.

Во пелагониската општина Новаци победи СДСМ со 991 глас наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 941 глас.

Во другата општина Могила, води ВМРО-ДПМНЕ со 1.820 гласови наспроти 1.375 за СДСМ.