Во Битола пристигна опремата за киното „Манаки“, вредна 64.215 евра


Во Битола пристигна опремата за киното „Манаки“ .Набавката на оваа опрема е дел од проектот Кинокултура кој се реализира во рамките на програмата Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme Greece – the Republic of North Macedonia 2014-2020. Вредноста на опремата изнесува 64.215 евра.

Со овој договор е набавена опрема: проектор, проекционо платно, аудио опрема, лап топ, кабелска инсталација и друга опрема. Во договорот предвидена е испораката на опремата, инсталацијата, обука на персонал кој ќе ракува со неа, како и пост- продажна услуга за кино опремата, која е адекватна за проекции во отворен и затворен простор.

Инаку за ентериерно уредување на киното Манаки, обезбедени се 7.616.554,00 денари преку Министерство за култура, за капитални инвестиции до единиците за локална самоуправа за 2019 година.

Иако, поради состојбата со коронавирусот проектните активности се пролонгираа, сепак истите се реализираат и комплетната опрема се набавува, согласно предвидените рокови, истакнуваат од општината Битола.