Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“
Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, ќе гостува во Битола.
Од НУ Центар за култура-Битола, домаќини и организатори на културниот настан посочуваат дека поканата е реализирана на барање на културната јавност во градот и ќе се одржи на 19 април на големата сцена.
Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ е колажна, со многу измешани жанрови во неа и зборува за некои делови од животот на познатиот сликар Пабло Пикасо и неговите љубови, неговите музи. Ликовите на музите на Пикасо во претставата ги играат Софиа Насевска-Трифуновска, Искра Ветерова, Гордана Ендровска, Ана Стојановска, Ѕвездана Ангеловска и Васил Зафирчев.
Сценографијата во претставата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката е Калиопи Букле, додека на сценските движења работеше Маја Каревски.