Во Битола до утрово починале уште двајца од Ковид-19


До утрово двајца починати пациенти на инфективното одделение во Битола. Едниот од Битола на 45 годишна возраст, а другиот од Ресен на 53 годишна возраст, јави локалната телевизија Тера.

Со ова бројот на почнати пациенти од Битола од почетокот на пандемијата се искачи на 107 лица.

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти во регионалниот Ковид центар во Битола е 76.

Вчера во Битола беа регистрирани 7 нови случаи на Ковид 19 и 30 оздравени пациенти.

Бројот на активни случаи во Битола е 950.