Во БиХ заразени нови 283, од Ковид-19 починаа 11 луѓе

Во Босна и Херцеговина се потврдени 283 нови случаи на заразени со корона вирусот и 11 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата излечени се 7.991 пациенти, а во изминатите 24 часа оздравеле 201 пациент. Во моментов има 3.008 активни случаи.

До денеска, вкупниот број на починати во Федерацијата на БиХ е 312.

Во република Српска тестирани биле  434 примероци, а КОвид-19 потврден е акј 73 лица.

Починале четворица пациенти.

Во Дистриктот Брчко нема нови регистрирани случаи.