Во БиХ заразени нови 267, починаа петмина


Според податоците на федералниот завод за јавно здравјве во Босна и Херцеговина во последните 24 час аод корона вирус се заразиле 267 луѓе, од кои 182 во Федерацијата, а 85 во република Српска.

Во федерацијата се тестирани 1.300 примероци од кои 182 се позитивни. Досега се тестирани вкупно 71.562 примероци, а Кови-19 е потврден кај 4.170 лица.

До сега се опоравиле 1.709 пациенти, од кои 107 во последното деноноќие. Активни се 2.369 случаи, а забележани се 92 смртни случаи во Федрацијата.

Во република Српска тестирани се 472 примероци, од кои 85 се позитивни. Вкупно се тестирани 43.040.

Потврден е и еден смртен случај.

До сега потврдени се 3.425 случаи, а починаа 143 пациенти. Оздравеле 1.758 пациенти