Во БиХ за еден ден 119 лица заразени со корона вирус


Во БиХ е регистриран рекорден број заразени со коронавирус во последните 24 часа од почетокот на пандемијата, пренесува „Аваз“.

Според официјалните податоци, вкупно 119 лица се позитивни на Ковид-19, од кои 62 во Република Српска и 57 во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани 50.815 примероци во БиХ, а Ковид-19 е потврден кај 1.732 лица. До денес оздравеле 1.012 пациенти во Федерацијата БиХ, додека 671 случај во моментов се активни.

Досега се регистрирани 49 смртни случаи, два во последните 24 часа, и тие се постари мажи.

„Клучно е сите да се придржуваме кон мерките, да се посветиме на спроведување на лична заштита и работодавачите да се придржуваат кон превентивни мерки на работното место со цел да се спречи ширењето на вирусот и зголемувањето на бројот на пациенти“, предупредуваат од Сојузниот кризен штаб.

Тие потсетија на основните мерки за превенција – оддалеченост и избегнување на ракување и гушкање, често и темелно миење на рацете, одржување лична хигиена и хигиена на просторот и избегнување на големи собири.

Во Република Српска, во последните 24 часа биле тестирани 375 примероци, а коронавирусот е потврден кај 62 лица.