Во БиХ повторно висока бројка новозаболени, но помалку од вчера


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 218 позитивни на корона вирус, но оваа бројка е помала од вчера кога имаше 267 новозаболени.

Тестирани се 1.811 примероци, од кои на корона вирус позитивни се 122 во федерацијата и 96 во Република Српска.

Во федерацијата оздравеле уште 99 лица, а заклучно со денеска вкупно оздравеле 1.808 пациенти во федерацијата, додека 2.389 се активни.

Во Федерацијата има 95 потврдени смртни случаи од Ковид-19.

Во Република Српска денеска е пријавен еден смртен случај, со што бројката се искачи на 144.

Инаку, во Босна и Херцеговина денеска повторно е прогласена состојба на епидемија, со цел  поефикасно дејствување за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Прогласувањето епидемија на Ковид-19 на целата територија на Федерацијата на БиХ подразбира пооперативно дејствување на сите релевантни институции кои спроведуваат мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во соопштението се додава дека прогласувањето епидемија не значи воведување нови рестриктивни мерки, туку само ќе се настојува поефикасно да се спроведуваат веќе пропишаните.