Во БиХ повторно висок број новозаразени

 

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 284 случаи на зараза со корона вирус и седум починати.

Од нив во Федерацијата се 238 случаи и четири починати, а во Република Српска 43 новозаразени и тројца починати.

Во последните 24 часа тестирани се 2.048 примероци.

Од почетокот на пандемијата вкупно се тестирани 190.763 примероци и корона вирусот е потврден кај 20.518 случаи. Починаа 627 пациенти, а 13.626 оздравеа.