Во БиХ повторно околу 300 заболени

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 292 новозаболени и пет смртни случаи од корона вирус.
Од нив во Федерацијата има 194 новозаболени и четири смртни случаи, од 1.576 тестирани.
Досега се тестирани 143.107 примероци, а потврдени се 15.984 позитивни случаи.
Вкупно досега од Ковид-19 починале 447 луѓе.
Во Брчко нема новозаболени.
Во Република Српска пак, потврдени се 98 новозаразени од корона вирус, а анализирани се 641 примероци.
Починато е едно лице.
Досега потврдени се вкупно 8.609 случаи со корона вирус, починаа 285 луѓе, а оздравеа 5.491 пациенти.