Во БиХ потврдени 291 новозаразени, двајца починати


Според податоците на ентитетските здравствени институции, во БиХ во последните 24 часа регистрирани се нови 291 случај на зараза со корона вирус, од кои 169 во Федерацијата и 112 во Република Српска. Ова значи дека бројот на заболени расте, со оглед на тоа дека вчера беа потврдени 244 нови случаи.

Во Федерацијата БиХ во последните 24 часа тестирани се 768 луѓе или вкупно 74.657, а Ковид-19 досега е потврден кај 4.619 луѓе. Оздравеле 1.849 пациенти, а активни се 2.670. Починати се 97 лица.

Во Република Српска тестирани се 638 примероци од кои 112 се позитивни. Досега потврдени се 3.719 случаи, а починати се 146 пациенти, од кои двајца во последните 24 часа.

Во болница има 242 пациенти.