Во БиХ нови 270 заразени со Ковид-19, 11 починаа


 

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 270 заразени со корона вирус, од кои во Федерацијата се 193, а во Република Српска 77.

Во Федерацијата тестирани се 1.728 примероци или вкупно 120.471, додека Ковид-19 потврден е досега кај 12.484 луѓе.

Излечени се 8.798 pacijenata, а активни уште 3.335.

Пријавени се седум смртвни случаи, со што вкупно од Ковид-19 починаа 351 пациент.

Во РС пак, од тестирани 470, 77 биле позитивни, починаа четворица, а оздравеле 54 пациенти.

Во Брчко не е забележан ни еден новозаразен.