Во БиХ нови 189 случаи со корона вирус


 

Во Босна и херцеговина во изминатото деноноќие регистрирани се 189 нови случаи, од кои 50 се во Република Српска.

Во федерацијата тестирани се 1.166 примероци, од кои 139 се позитивни на Ковид-19.

Во Република Српска пак, тестирани се петпати помалку, односко 237 примероци, а 50 биле позитивни. Тие пријавија и двајца починати.

Во Федерацијата БиХ досега тестирани се 69.221 примерок, Ковид-19 е потврден кај 3.851 лица, а оздравеле 1.528 пациенти. Активни се 2.239 случаи, а починаа 84.