Расте бројот на заразени во БиХ – денеска 180


 

Во последните 24 часа во Федерацијата Босна и Херцеговина регистрирани се 122 новозаразени со корона вирус, покажуваат податоците од Заводот за јавно здравје.

Тестирани се 1.447 примероци денеска, а вкупно од почетокот на епидемијата 57.176, додека Ковид-19 потврден е кај 2.386 лица.

До денеска оздравеле 1.161 пациент, а активни се 1.167 случаи. Има 59 потврдени смртни случаи.

Во Република Српска пак денеска се дијагностицирани уште 58 нови случаи, што вкупната бројка заразени во оваа земја за денеска изнесува 180.

Вчера во БиХ беа потврдени 152 нови случаи.