Во БиХ денеска регистрирани 286 новозаболени, деветмина починаа


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 286 новозаразени, а девет павциенти починале.

Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата пријавени се 1.287 примероци, од кои 209 се позитивни, пренесе Кликс.

Досега се тестирани вкупно 123.231 примероци, а корона вирусот е потврден кај 12.931 лица.

До денеска, во Федерацијата излечени се 9.341 пациент. Активни се 3.227 случаи, а денеска починале осум пациенти, со што вкупниот број жртви порасна на 363.

Во Република Српска пак, тестирани се 470, од кои 77 биле позитивни.
Почина едно лице. Во Брчко нема новозаболени.