Во БиХ 302 новозаразени со Ковид-19


 

Во Босна и Херцеговина изминатото деноноќие регистрирани се 302 нови случаи на зараза со корона вирусот.

Во Заводот за јавно здравство на Федерацијата пријавени се 845 примероци за тестирање, од кои 179 биле позитивни.

Досега вкупно се тестирани 171.246 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 19.943 лица.

Излечени се 16.190 пациенти, а во изминатите 24 часа оздравеле само 17 пациенти. Активни се 3.168 случаи.

Нема смртни случаи, а досега во Федерацијата од Ковид-19 починаа 585 лица.

Во Република Српска денеска има 123 нови случаи, а пријавен е еден смртен случај.

Тестирани биле 438 примероци. Досега тестирани се 85.413 лица, а висруот е потврден кај 10.382 случаи, починаа 322 лица, а оздравеа 6.984 лица.

Податоците за Брчко подоцна ќе бидат објавени.