Во БиХ 286 новозаразени, починаа петмина


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 286 заразени со корона вирус.

Од нив 212 во Федерацијата, а 73 во Република Српска. Во Брчко има еден новозаразен.

До сега во федерацијата потврдени се 14.208 случаи, а со денешните пет починати бројот на жртви се искачи на 396.

Во Република Српска во последното деноноќие нема смртни случаи.